Skip to main content

Што правиме

Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) е агенција на Европската унија со мандат да ги поддржува земјите членки во примената на пакетот закони на ЕУ што ги регулираат азилот, меѓународната заштита и условите за прием, познат како Заеднички европски систем за азил (ЗЕСА).

ЕУАА делува како ресурс за земјите членки во областа на меѓународната заштита, со можност за обезбедување практична, правна, техничка, советодавна и оперативна помош во многу формати. Агенцијата не ги заменува националните органи за азил или прифат, кои на крајот се целосно одговорни за нивните постапки и системи.

Крајната цел на работата на ЕУАА е да се постигне ситуација каде што практиките за азил во сите ЕУ+ земји членки се усогласени во согласност со обврските на ЕУ, што значи дека барањето на поединец во која било од ЕУ+ земјите членки секогаш ќе го има истиот резултат. Слично на тоа, барателот секогаш ќе помине низ слична постапка со слични услови, без разлика во која земја членка го поднесува барањето и ќе ги ужива истите права, обврски и услови за прифат.

 

Што правиме

Заедничкиот европски систем за азил (ЗЕСА), ги воспоставува правно обврзувачките правила и постапки кои земјите членки мора да ги следат со цел да се гарантира дека правата на барателите на меѓународна заштита се целосно почитувани. Исто така, се осигурува идентифицирање на оние кои не се квалификуваат за меѓународна заштита и истите може да бидат вратени во нивната земја на потекло.

  • Мандатот на ЕУАА е да ги поддржи земјите членки во примената на пакетот закони на ЕУ кои ја регулираат меѓународната заштита, познат како Заеднички европски систем за азил (ЗЕСА);
  • Агенцијата работи за да им помогне на земјите членки да обезбедат брзи и ефикасни постапки за азил, како и висококвалитетни стандарди за прифат;
  • Крајната цел на работата на ЕУАА е да се постигне ситуација каде што практиките за азил во сите ЕУ+ земји членки се усогласени;
  • За да се направите тоа, ЕУАА напредуваше од првично акцентирање на техничката поддршка до еднаков фокус при распоредувањето на оперативната помош и помошта за градење капацитети;
  • ЕУАА претставува ресурс за земјите членки во областа на меѓународната заштита и прифат, со можност за обезбедување практична, правна, техничка, советодавна и оперативна помош во многу формати;
  • Агенцијата не ги заменува националните органи за азил, кои се целосно одговорни за нивните национални случаи на азил. 
     

Со цел да се постигнат овие цели, ЕУАА им помага на земјите членки преку три столба на поддршка: 

ЕУАА обезбедува постојано проширување на високотехнички и специјализирани мерки за поддршка. Тие вклучуваат:

  • објавување на материјали и упатства за Земја на потекло; 
  • собирање, анализа и дистрибуција на податоци и прогнози за азил; 
  • обезбедување насоки, препораки и најдобри практики за ефективна и висококвалитетна примена на ЗЕСА;
  • одговарање на прашања за совети и информации од земјите членки;
  • развој на ИКТ платформи и бази на податоци насочени кон поефективни и поефикасни системи за азил; 
  • развивање практични алатки за постигнување заеднички стандарди и висококвалитетни процеси; 
  • советување за законски обврски;
  • практики на мапирање во различни земји членки; и 
  • олеснување на мрежите за експертиза во различни области на азил.

Почнувајќи од 2023 година, ЕУАА исто така ќе има мандат да ја следи примената на обврските за азил и прифат на ЕУ од страна на земјите членки. Тоа ќе и овозможи на Агенцијата да ги идентификува недостатоците и да работи со националните органи кон нивно решавање.

Агенцијата брзо ја прошири својата оперативна помош за земјите членки, како во однос на нивоата на помош, така и во однос на големината на нејзините операции. Сега операциите претставуваат основен дел од активностите на Агенцијата. ЕУАА моментално има близу 2000 лица персонал, распореден на над 100 локации во разни земји членки. Доколку е потребно, ЕУАА може да подготви резервен фонд од 500 службеници за азил од земјите членки. Овој персонал ги поддржува Даблинските единици, обезбедува информативни активности и обуки, помага при истоварување, го олеснува преместувањето во други земји членки, врши регистрации, спроведува интервјуа за азил, изготвува нацрт-мислења за одлуки, им помага на донесувачите на одлуки од втор степен и работи со властите за подобрување на процедурите и условите.

Намерата е траењето на операциите на ЕУАА да бидат привремено и да помогнат во ублажувањето на притисоците врз властите на земјите членки, да се подобрат стандардите за квалитет и да се придонесе кон поотпорни национални системи на долг рок.

Обуката на националните службеници за азил и прифат обезбедува заедничка примена на стандардите на ЗЕСА на високо ниво. ЕУАА развива модули и практики во бројни специјализирани области на правото на ЕУ за азил и прифат, а исто така ја доставува обуката на националните службеници, како и на националните инструктори (обуки за обучувачи). Наставната програма за обука моментално има 30 модули, кои се доставени до над 50.000 учесници. Во иднина, ЕУАА има за цел да понуди квалификувани стандарди за својата обука кои ќе обезбедат уверување дека успешното завршување на кој било модул(и) значи дека поединецот е обучен на највисокото ниво на ЕУ.

Вредностите на ЕУАА

Вредностите на Агенцијата се: 

  • Поддршка– за земјите членки и засегнатите страни; 
  • Одговорност– кон оние на кои им е потребна заштита, во согласност со вредностите на кои се заснова ЕУ; 
  • Експертиза– за правилата и законските обврски кои го формираат Заедничкиот европски систем за азил (ЗЕСА); 
  • Навремен одговор– на предизвиците и променливите потреби на земјите членки во правилното управување со услугите за азил и прифат на земјите членки; 
  • Отпорност– на европската област на меѓународна заштита која е доказ за иднината, која може да се прилагоди без да се жртвува почитувањето на човековите права и заштитата; 
  • Ефикасност– преку одговорно и ефективно користење на јавните ресурси, како во рамките на Агенцијата, така и во спроведувањето на ЗЕСА во Европа.